Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ќе присуствува на церемонијата на затворање на Светското првенство во фудбал во Катар, соопшти турското претседателство.
Во соопштението се прецизира дека посетата на Ердоган е на покана на емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани.
Турскиот претседател беше и на свеченото отворање на Светското првенство на 20 ноември.