Планинарскиот клуб Аргентус монт од Тетово откако објави дека се оштетени прозорците на планинарската кула на Титов Врв на Шар Планина, вчера го посетиле објектот и утврдиле дека била демолирана и внатрешноста од кулата.
Во нивната објава на Фејсбук посочуваат дека бил запалена шпер плоча, искорнати биле прозорци, запален агрегатот за струја во кој имало 10 литри бензин и биле оштетени и други елементи во објектот.
Планинарите привремено ги затвориле испокршените прозорци, со цел во кулата да не навлегува снег во зимскиот период. Целосната санација најавија во наредната година во организација на Федерацијата за планинарски спортови.