Не се само уставните измени, ова не е последна одлука до зачленување во ЕУ, вели премиерот Димитар Ковачевски кој повика на консензус за европскиот пат на државата.
– Јас повикувам, повикував и ќе повикувам, на широк општествен и политички консензус за европскиот пат на државата. И уште нешто, ова не е последната одлука до зачленување на Македонија во ЕУ. Уште тешки одлуки ќе има на тој пат. Условување на тие важни одлуки за иднината на оваа и на идните генерации, да живеат во ЕУ, е кочење на иднината на државата, рече Ковачевски.