Во градинка во Чонгкинг, централна Кина, жена со кујнски нож нападнала најмалку 14 деца, соопшти  локалната полиција.

Полицијата информира дека децата биле нападнати кога се враќале по утринските вежби, а жената била совладана од страна на чуварите и другиот персонал.

По нападот, неколку деца завршиле во болницата, додека 39-годишната напаѓачка била уапсена.

Полициската истрага е во тек.