Американскиот претседател Дoналд Трамп разгледува план за забрана на влез на мигранти на границата на САД и Мексико и да не им даде азил, објави Вашингтон пост. Каравани со средноамерикански мигранти  минуваат низ Мексико кон САД и

Белата куќа разгледува дали да ја затвори границата и да им скрати можност за азил во САД, наведува весникот повикувајќи се на неименувани извори. Трамп најави испраќање на армијата на американско-мексиканската граница додека каравани со мигранти од Средна Америка продолжуваат со својот пат низ Мексико.

– Ќе ја искористам војската за таа национална итна ситуација. Ќе бидат запрени, напиша Трамп на Твитер.

Пентагон на границата со Мексико ќе распореди стотици војници, изјави синоќа претставник на американското Министерство за одбрана, кој побарал да остане анонимен.

Официјални американски претставници за Гласот на Америка соопштија дека бројот на војници ќе зависи од барањето на Одделот за домашна безбедност, а тие ќе бидат поддршка на граничните патроли. Повеќе од две илјади трупи на Националната гарда се веќе распоредени во таа област.