По земјотресот со јачина од 6,8 степени што утрово ја погоди јужна Грција, засега нема информации за евентуални жртви. Како што пренесуваат грчките медиуми, од силните потреси на грчкиот остров Закинтос, оштетени се пристаниште и манастир од 15 век.

Портпаролот на грчката служба за цивилна заштита, изјавил дека три лица биле пренесени во болница, од кои две биле со полесни повреди, пренесе Ројтерс.

Потресот беше почувствуван, во Македонија, но и во Албанија, Малта, Италија и Либија.

Епицентарот е регистриран во Јонското море, околу 130 километри југозападно од Петраса на Пелопонез, на длабочина од 14 километри.