Момче прегази двајца другари, едниот почина во штипската Клиничка болница, а вториот се бори за живот.
Според СВР Штип, околу 5.20 часот било пријавено дека на магистрален пат Штип – Кочани, на место викано „Брилијант“, патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Т. од Скопје, удрило во 21-годишниот А.Ѓ. од село Кадино, скопско и во А.П. од село Трубарево, скопско, кои претходно патувале во истото возило. Двајцата се здобиле со повреди и биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што во 7.15 часот А.Ѓ. починал , а кај А.П. биле констатирани телесни повреди.
Увид извршила екипа од СВР Штип.