Тајван од денеска ги тестира за Ковид-19 патниците кои пристигнуваат од Кина поради големиот број нови случаи во државата.
Здравствените власти на Тајван претходно соопштија дека сите патници кои пристигнуваат со директни летови од Кина и тие кои пристигнуваат по море ќе треба да направат ПЦР тест по пристигнувањето во Тајван.
Надлежните додаваат дека ќе се секвенционираат примероци од патници кои се позитивни на инфекцијата, за навреме да се открие можното присуство на нови варијанти на коронавирусот кај нив.
Мерките, кои ќе останат во сила до крајот на месецов, не ги засегаат тие што влегуваат во Тајван од Хонг Конг и Макао.