Дел ќе останат верни на традицијата, но добар дел нема да го организираат бадниковиот оган низ скопските населби, објави ТВ Канал 5.
Иако во одредени скопски маала се најавуваат собири, повеќето од граѓаните кои ги прашавме велат дека оваа година, поради апелот на црквата, а и загадениот воздух нема да палат оган. Оние кои планираат, пак, не сакаа да зборуваат јавно.
Ѓорче Петров како населба е позната по собиранките и палењето на оганот на 5 јануари, но оваа година и таму во најголем дел ќе изостане оваа традиција, која последниве 2-3 години се помалку се одржува.
Ова е едно од местата каде што во овој период од денот веќе се редеа дрвата за палење на огнот, но сега е празно, граѓаните ги послушаа апелите, по оваа година собиранката ќе изостане.
Граѓаните се присетуваат на веселите дружби околу оганот, пропратени со музика, греана ракија и посна храна, но велат дека се помалку има интерес помеѓу луѓето за едно вакво случување. Ниту се собираат пари, ниту некој повлекол иницијатива.
Сепак, од црквата велат дека палењето на оганот е пагански обичај и не е поврзан со верата. Отец Антонио додава дека, палењето на оганот е погрешно разбран. Во првите векови христијаните се собирале на богослужби, а потоа палеле оган вон храмовите за да се загреат, но со текот на времето се претворило во некоја традиција која нема допирна точка со верата.
Она што денес го гледаме и што се случува на тие огнови, ниту се во црковниот двор, ниту пак имаат никаква врска со верата, тие луѓе прашање дали дошле на богослужбата или не дошле, се собрале таму палат огнови и се играат ора, музики, а се наоѓаме во божиќниот пост, утредента го дочекуваме рождеството Христово, Божик еден голем празник за нас и мислам дека не е соодветно на тој начин да го дочекаме самиот празник. 1 26
Деновите пред Божик кои се посни, наместо да се играат ора и да се пие алкохол, граѓаните треба да ги искористат за духовен мир, да се видат со семејствата и да уживаат во благосостојба со најблиските.
Треба да бидеме во молитвена атмосфера, треба да бидеме во мирување, треба да бидеме со блиските дома, имаме убави традиции што се поврзани со Бадник и со Божик, да се собереме со семејството да покажеме љубов и хармонија.
Соборниот Храм е веќе припремен за дочекувањето на Бадник и Божик, каде се очекува да го посетат илјадници верници.
Апел да не се палат коледарски огнови денеска поднесе и ВМРО-НП, коалициона партија во власта која ја предводи СДСМ.
Видеото може да го отворите ТУКА.