Шарл Нобис (Charles Nobis) бил француски публицист и лекар, којшто ги запишал своите сеќавања кога ја посетил Македонија пред и за време на Првата светска војна, кога воедно служел во фрацуската војска.
Во својата книга „Писма од Македонија“ – во поглавјето за македонскитe народни носии, Нобис ќе го забележи фактот дека селаните во Македонија во 1911г. национално се определувале како Македонци:
– “Ако прашаме некој селанец за неговата националност, тој без колебање ви одговара дека е Македоне(ц)”.
Нобис укажува дека ретки биле селаните што француската војска ги среќавала по долините и планините со оглед на континуираното пустошење за време на воените дејствија во Македонија.
– “Велам ретки, бидејќи војната ужасно ја опустоши Македонија: Едни се борат во редовите на српската армија, други беа одведени од Бугарите кога се повлекуваа, многумина, меѓу другото, се во Америка”.
ИЗВОР: Charles Nobis ”Lettres de Macédoine”, Marcel Gilly,
Editeur, 14 Rue Meslay 14, Paris, 1919, pp. 95-96.