Времето денеска ќе биде претежно облачно. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Попладне, најпрво во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.

Во Скопје, претпладне со појава на магла, кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Според УХМР, до крајот на работната недела ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег каде што ќе се формира нова снежна покривка. Наместа врнежите ќе бидат со пообилен карактер, над 20 литри на метар квадратен, особено денеска во текот на ноќта и во вторник претпладне. Од вторник попладне врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Намалена видливост од 50 до 100 метри поради појава на магла има кај Демир Капија, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.