Тренерот на Сан Антонио спарс, Грег Попович, јасно стави до знаење дека не е целосно задоволен од развојните трендови на модерната кошарка.
– Очигледно е многу потешко да се игра одбрана ова време кога толку многу луѓе можат да шутираат од зад лакот. Сега бројот на такви шутеви е едноставно огромен, и сè се случува многу брзо. Така се добиваат многу поени. Од ова нема бегање. Просеците растат. Сепак, сè уште можете да играте одбрана на некои позициски напади, но при брз напад, кога луѓето ќе ја рашират одбраната на ниво што можат да го направат во НБА, а исто така земајќи ги предвид и шутерските растојанија, ова станува сериозен предизвик. Како што реков претходно, се надевам дека НБА ќе стигне до точка да воведуваат шутеви од 4 и 5 поени за да ја претворат кошарката во вистински циркус. Тоа ќе биде поинаков спорт. Нема повеќе да биде кошарка, туку само еден куп ср.ња“, изјави Попович.
Сезонава на натпреварите во најсилната кошаркарска лига на светот често пати се рушат рекорди по ефикасност.