Во врска со бегството на затвореникот, а како потврда дека системот е целосно распаднат и дека Македонија нема институции, ќе споделиме со јавноста дека попладнето во затворот работел “доктор” кој е осуденик и кој издржува казна затвор и внимавајте – истиот нема никаква врска со медицина. Ниту средно медицинско нема.
Значи, “доктор” затвореник дал налог да се носи друг затвореник во болница.
Во племенски заедници има подобра организација на власт.
Ова не е власт, ова е најтешка форма на клептократија.
Малку е еден тим за корупција од САД да ни дојде. На Македонија и’ е потребен генерален ремонт. Или ќе расчистиме со бандитите во власта и во институциите, или за кратко време ќе немаме држава.