Скопје повторно е во топ 10 најзагадени градови на планетата. Според платформата IQ air индексот на загаденост во метрополата денеска е обележан со црвено и постојано варира околу 165. Според листата, во Скопје се дише загаден воздух како во градови од Индија, Виетнам , Гана, Ирак.

Според резултатите од мерењата за квалитет на амбиентален воздух на Министерството за животна средина воздухот во Скопје во текот на минатиот месец се дишеше позагаден воздух во споредба со декември 2021 година, со поголем бој на денови кога се надминати дозволените среднодневни концентрации на ПМ10 и ПМ2,5 честички во воздухот.