Повеќе медиуми ја објавија дилемата дали тепаниот охриѓанец Христијан Пендиков смеело да ја напушти државата, за што не биле прашани ниту од јавното обвинителство, со оглед дека против него пред еден месец е поднесена кривична пријава за трговија со кокаин.

Дали се прекршени процедурите обвинителството допрва ќе проверува.

Оттаму додаваат дека за овој конкретен случај биле преземени соодветни мерки.

-При разговор со обвинителите оштетениот Пендиков даде два искази кои сосема се разликуваат. Првиот пат тврдеше дека бил нападнат од три лица кои ги познава, додека при вториот распит тврдеше дека бил нападнат од едно познато и две непознати лица. Несовпаѓања има и во дел од исказите на сведоците на инцидентот, но обвинителите ги обезбедија сите снимки со кои ќе се расчисти случајот, посочуваат од обвинителство.

Бугарите кои експресно пратија авион да го земат и лекуваат, сепак, не знаат дека тој пред некое време немал баш убави зборови за нив. Тој тогаш се претставувал како горд Македонец.

Ова се дел од неговите коментари:

„Јас немам македонски пасош, а не дај Боже бугарски“.

„Тоа е Пиринска Македонија“.

„Не е Бугарин, тој е Македонец“.

„Секој треба да се бори за Македонија затоа што друга татковина немаме“.