Мора да ставиме крај на овој циклус провокации и насилство во коешто мала група на провокатори се обидуваат да ја киднапираат нормалната агенда помеѓу двете држави кои макотрпно ја градиме двете влади и мнозинството граѓани од двете општества, вели за „Студио 10“ на ТВ 24, Бујар Османи.
– Иако се добива привиден впечаток на односите помеѓу двете држави, се работи за мала група киднапери кои пробуваат да наштетат на агендата и наша задача е да ги прекинеме овие провокации. Во Македонија системска дискримианција нема и наша задача е да создадеме нула толернација на говор на омраза, провокација и на насилство. Реакција имало и ќе има на секоја провокација. Секој кој ќе дојде во Македонија и го негира македонскиот народот и има територијални претензии може да му биде последно доаѓање во Макеоднија, вели Османи.