Техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков повторно ги нападна македонските институции, обвинувајќи ги за анти-бугарска кампања и одново побара Бугарите во Македонија да бидат заштитетни.
Во интервју за БТВ, тој повтори дека услов за намалување на напнатоста во односите со Македонија е да се гарантира безбедност за Бугарите и тие да бидат впишани во македонскиот устав.
„Односите со Бугарија се предмет на внатрешно-политички дебати во Макеоднија, додека Бугарија има внатрешен консензус како да ги развива односите со Македонија. И тоа е нашата сила“, рече Милков, додавајќи дека во Македонија најгорливо прашање меѓу власта и опозицијата е токму статусот на Бугарите.
-Ние сакаме да бидат заштитени правата на Бугарите таму, се стремиме кон деескалација која ќе донесе подобра заштита на правата на Бугарите, но очекуваме конкретни чекори од С Македонија, рече бугарскиот технички министер за надворешни работи Николај Милков во гостување на БТВ
Најважниот услов за смирување на тензиите, според Милков, е внесување на Бугарите во македонскиот устав, но и гарантирање на слободата и безбедноста на бугарските државјани во Македонија.