Бугарското МНР минатата недела го повика Ангелов на консултации во Софија поради, како што информираа оттаму, сериозната состојба во однос на правата на Бугарите во Македонија и ескалацијата на актите и злосторствата од омраза против нив во последните месеци
Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов им се враќа на своите дипломатски должности во Македонија во полн капацитет. Вакво известување денеска пристигнало во македонското Министерство за надворешни работи, дознава „360 степени“.
Амбасадорот Ангелов денеска во Скопје пристигна со бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, кој се сретна со македонскиот колега Оливер Спасовски, и практично останува во земјава.
Бугарското МНР минатата недела го повика Ангелов на консултации во Софија поради, како што информираа оттаму, сериозната состојба во однос на правата на Бугарите во Македонија и ескалацијата на актите и злосторствата од омраза против нив во последните месеци, а по последнниот инцидент во кој беше нападнат секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков.
„Целта на консултациите е да се разговара за можностите за запирање на опасниот тренд на зголемен притисок врз граѓаните на Република … Македонија со бугарска самосвест и за изгледите за понатамошен развој на билатералните односи“, информираа од бугарското МНР.