Дипломатски скандал беше произведен од тепачка на 19 јануари во угостителски објект во Охрид, кога пет лица најпрво вербално, а потоа и физички се пресметале поради меѓусебни долгови од криминална природа.
И така нивните нарко-недоразбирања и долг од 500 евра за неплатен кокаин стана главно прашање во македонско-бугарските односи, а овие последниве тоа го пренеле до Брисел, пишува порталот МКД.
На 19 јануари браќата С. и С, И. и Н.Н. (сѐ уште непознато лице за полицијата) влегле во кафеаната Тино каде бил и Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб Цар Борис III. Четворицата си го побарале долгот од 500 евра од Христијан за претходно предадениот кокаин.
Тој подолго време успешно ги избегнувал, но овојпат морал директно да се соочи со неговите довчерашни добри нарко-соработници. Немал 500 евра, почнала вербална расправија за време на која биле споменати и мајки и сестри и Бугари и шајки…, за да на крај сѐ заврши со скршената вилица на Пендиков кој потоа со бугарски владин авион беше пренесен од Охрид во Софија, иако станува збор за македонски граѓанин, кој немал бугарско државјанство.
Во охридската полиција, како што пишува МКД, имињата на сите актери на тепачката во Тино се добро познати по нивната криминална природа. Се работи за лица кои биле регистрирани во полициските записници, чии имиња се поврзани со тепачки, насилство, нарушители на јавниот ред и мир и препродавачи на дрога.
Пендиков претходно бил фатен како препродава кокаин во село Лескоец и дека против него има кривична пријава за препродавање дрога.
И покрај сите овие податоци со кои располага и македонската полиција и македонското обвинителство, оваа меѓусебна пресметка на нарко дилери лесно заврши како тепачка предизвикана од меѓуетничка омраза, како пресметка на Македонци со Бугари и предизвика дипломатски скандал кој стигна не само до Софија туку и до Брисел.
Како што објавивме, македонскиот и бугарскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи и Милко Милков, веднаш го посетија тепаниот Пендиков во болницата во Софија.
Бугарскиот пратеник од „Продолжуваме со промените“ и поранешен министер за иновации, Даниел Лорер во телевизиско интервју оцени дека случајот со претепувањето на Пендиков, се политизира и се игнорираат неколку важни факти.
Според Лорер, македонските власти реагираа многу брзо и Бугарија сега треба да остави доволно време за инситуциите да утврдат дали станува збор за злосторство од омраза или не.
Видеото со изјавата на Лорер може да го отворите ТУКА.