Околу 150 граѓани од Бугарија в сабота ќе дојдат на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, најави претседателот на здружението Фондација Македонија, Виктор Стојанов во изјава за А1он.
– Јас исто така ќе бидам на граничниот премин Деве Баир иако немам право да влезам во Македонија. Јас и луѓето кои ќе пристигнат во Македонија, го признаваме македонскиот народ и сакаме заеднички чествувања за Гоце Делчев, затоа што тој е наш заеднички херој. Без навреди и тензии, вели Стојанов за А1он.
Тој вели дека нема потреба да доаѓаат илјадници луѓе, како и фудбалски навивачки групи, туку само граѓани кои го почитуваат македонскиот народ.