Дали некогаш сме биле помоќни во Владата? Никогаш!- праша и самиот одговори, вицепремиерот Артан Груби на средбата со граѓаните на Врапчиште.
Тој изјави дека конечно ИРД, италијанска компанија доставила гаранција и го потпишала договорот за надзор на изградбата на Коридорот 8.
Како што вели тој в четврток ќе се потпише договор со компанијата Бехтел Енка, која треба да го гради автопатот кон Албанија.
-Денес, конечно италијанската компанија ИРД достави банкарска гаранција и го потпиша договорот за надзорен консултант за проектот Коридор 8. В четврток во 9 часот ќе го потпишеме договорот со избраната компанија и ќе започнеме со работа со „Бехтел Енка“ за Коридорот 8, автопат со три ленти со кој ќе ја поврземе нашата држава со Албанија. Тоа е супер голем проект за кој издвоивме 300 милиони евра, од сите капитални инвестиции, од општиот буџет од 800 милиони евра, 300 милиони наменети се само за овој проект. Дали некогаш сме биле помоќни во Владата? Никогаш!, истакна Груби.