Со длабоко жалење забележуваме дека 4 февруари 2023 година ќе влезе во историјата како датум кога властите во с. Македонија, од крајно неубедливи причини и кршејќи ги претходно дадените гаранции, не им дозволија на бугарските граѓани да му оддадат почит на делото и животот на Делчев, реагира бугарсакото МНР.
Односот на властодршците во РС Македонија, како што стои во соопштението, Министерството го дефинира како понижувачки и неприфатлив кон бугарскиот народ и кон Бугарија.
Во периодот по 1991 година, Република Бугарија постојано демонстрираше искрена желба за развивање добрососедски односи со Република РС Македонија. По потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка во 2017 година, се воспостави практика за заедничко славење на историските личности од нашата заедничка историја, како што нбесомнено е Георги (Гоце) Николов Делчев“ ставот на Министерството за надворешни работи (МНР) во врска со тензијата на границата при обид на бугарски граѓани да влезат во Македонија за прославата на роденденот на Гоце Делчев.
Потсетуваме, вчера падна системот за гранична контрола на граничните премини меѓу кои и на Деве Баир, каде поголем број бугарски граѓани не можеа, или се откажаа од патот кон Скопје.
– Дејствата на властите во С. Македонија нанесоа сериозна штета на процесот на враќање на довербата, и покрај напорите на премиерот Галаб Донев, кој во сложена ситуација иницира процес на деескалација и вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, кој го посети Скопје токму за таа цел на 30 јануари оваа година, како и неговата посета денес, додаваат во соопштението.