Во мојот град нема да се тргаат натписите на спомен плочите на кои пишува бугарски фашистички окупатор, затоа што тој бил окупатор, а не бил администратор, изјави кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски за бугарската национална телевизија БНТ1.

– Значи, нас не окупира. Ако се сеќавате во периодот на окупација, доаѓаат бугарските војски во Македонија, тоа е свежа историја, ги чекаат на одредени места и градови со леб, сол и погача. Ја делат Македонија до Групчин и тоа ја потврдува желбата за чиста окупација и припојување на територија, реле градоначалникот на Куманово, Димитриевски.

Тој ова го изјави во вчерашното гостување во емисијата „Говори сега“ на бугарската национална телевизија БНТ1.