Неправедно е она што Бугарија и го прави на Македонија, вели унгарската претседателката Каталин Новак, која е во официјална посета на Македонија.

Според Новак, блокадите од Бугарија може да доведат до раст на песимизмот кај Македонците околу европската иднина. Токму тоа беше една од темите на која Новак во Вила Водно разговараше со македонскиот претседател Стево Пендаровски. Таа потенцира дека Унгарија останува еденод најголемите поддржувачи на зачленувањетона Македонија во ЕУ

-Се надеваме дека наскоро ќе можеме да ја поздравиме Македонија во Европската Унија. Ние ќе се обидеме доколку имаме било каква можност во тоа овие меѓусебни несогласувања што побрзо и порано да се расчистат, изјави Новак.

Пендаровски и се заблагодари на Новак за поддршката која Македонија ја добива од Унгарија на европскиот пат, велејќи дека биле едни од најголемите поддржувачи за проширувањето на ЕУ со Западен Балкан.

-Неспорно Унгарија е една од најгласните и најактавните членки на ЕУ во поддршката на процесот на проширување со земјите од Западниот Балкан и земја која одигра значајна улога во одлуката за почеток на пристапните преговори за Македонија. На средбата добив уверување дека ќе продолжи оваа поддршка од Унгарија, која проширувањето го смета за една од најважните стратешки политики на ЕУ, изјави Пендаровски.

Тема на разговор беше и нелегалната миграција, каде Македонија претставува една од клучните рути за мигрантите кои сакаат среќата да си најдат во земјите од ЕУ. Новак ни порача дека мора сериозно да работиме за решавање на овој проблем.

-Доколку во рамките на оваа соработка не успеваме да бидеме доволно ефикасни, тогаш ќе мораме да ги зајакнеме надворешните граници на Европската Унија и на некој начин да ги затвараме надворешните граници на Европска Унија, изјави Новак.

Унгарија долги години е еден од најголемите поддржувачи на Македонија на европскиот пат. Посетата на Новак е прва официјална посета на унгарски претседател по 20 години. Таа положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас.

Видеото на ТВ Алфа може да го отворите ТУКА.