Разорните земјотреси што вчера ја погодија Турција однесоа над 5.000 човечки жртви во Турција и Сирија, а меѓу нив има и многу деца и бебиња.
Во потресот се уништени неколку илјади објекти од двете страни на границата, а спасувачките екипи се веќе 40 часа на терен обидувајќи се да дојдат до преживеаните кои останале затрупани под рушевините.
За жал многумина луѓе немаа шанси да се спасат или се уште да се живи под урнатините, па така светот го заобиколи страшна снимка на која татко си го прегрнува мртвото бебе завиткано во ќебе кое не го преживеа земјотресот.
Тој паднат на колена го бакнува модрото лице на бебето на кое му беа затворени очите засекогаш…
Спасувачките екипи се обидуваа да го смират таткото, но безуспешно.