По вчерашната вест за претприемачот во Турција чии згради „не биле фенси“, но го издржаа земјотресот, денеска и за градителот чии згради земјотресот во Турција ги срамни со земјата.
Турскиот претприемач Мехмет Јашар Јошкун, кој минатата недела беше уапсен во Истанбул под сомнение дека незаконски изградил резиденција уништена од земјотресот, формирал компанија во Будва и започнал со милионски инвестиции во тој град, објави порталот Курир.
Јошкун беше уапсен минатиот четврток на аеродромот во Истанбул под сомнение дека со авион се обидел да побегне во Црна Гора.
Регионалните медиуми минатата недела дојдоа до информации дека Јошкун е еден од сопствениците на компанијата „Антис Монтенегро“ која изградила четирикатница во Будва со два подрума.
Интересно е што се работи за зграда која практично „виси на работ“ над Будва (во туристичкото место Бечиќи).
Кој дозволил да се гради таму и колку тој објект е безбеден за вселување, надлежните државни органи дефинитивно треба да проверат.
На социјалната мрежа Фејсбук имаше страница со името на компанијата „Антис Монтенегро“, но таа страница повеќе не функционира.
Имаше и активна веб-страница на таа компанија, која исто така беше затворена.
Во меѓувреме Алџезира Балканс денес објави видео прилог од зграда која навистина е шокантно како виси на работ од овој рид.