Американскиот државен секретар Ентони Блинкен напиша дека имал „продуктивна средба“ со српскиот претседател Александар Вучиќ во Германија, каде што двајцата учествуваат на Минхенската безбедносна конференција.

– Разговаравме за важноста за нормализирање на односите со Косово и пренесов колку ја цениме континуираната српска поддршка за Украина, напиша Блинкен доцна синоќа на Твитер.

– Ја делиме желбата на Србија за иднина со ЕУ, додаде Блинкен.

Вучиќ, кој присуствува на безбедносната конференција во Минхен, синоќа по средбата со американскиот државен секретар на Инстаграм напиша дека освен што разговарале за односите меѓу Белград и Приштина, „го потврдиле и подобрувањето на односите“ меѓу двете земји.