Внатрешното владеење до таа мера ни отиде на погрешна страна што ние немаме безбедност да се возиме во автобус, бидејќи нема одговорност. Проструија некои информации во однос со случајот со „Беса Турс“ дали имал лиценца за меѓународен сообраќај, дали бил на технички преглед, каде бил на технички преглед. А, овие прегазувања на пешаци на пешачки премини, е затоа што нема доволно сообраќајна полиција, нема едноставно казнивост. Неказнивоста е присутна“, истакна Никола Димитров во „Само Вистина“ на ТВ Канал 5.
Димитров посочи дека долгодишната партизација доведе до едно дереџе каде што системот се распаѓа пред очи. И тоа од сообраќај со работење во бизнис, до барање права и услуги од државата, до праќање на деца во училиште, до Фондот и податоци на Фондот.
„Ни треба еден поприлично крупен рестарт“, нагласи Димитров.
Тој додаде дека во реалноста власта ја оддалечува земјата од Европа, европските стандарди и принципи.
Инаку, за тие што се со кратко паметење, треба да се додаде дека Димитров заедно со неговиот премиер Зоран Заев го потпишаа Договорот во Нивици, со кој почна тоа за што сега говори бившиот вицепремиер и бивш министер за надворешни работи Никола Димитров.