Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја пофали својата сопруга откако беше запрашан за навреда врз пратеничка од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за што беше повикан да се извини за наводната навреда.

Тој само кратко додаде:

– Од прв ден моето семејство е изложено на напади. Се што јас сум работел, можете да најдете на сите социјални мрежи и интернет агрегатори. Она што ја навредува мојата жена, почитуваната пратеничка, по наредба на Мицкоски, јас ќе ви кажам што кажав од место. Јас кажав од место дека мојата сопруга е многу паметна и убава жена, одговори Ковачевски на барањето извинување од него.