Министри, пратеници, судии може да очекуваат кривични пријави иницирани од Боки 13ка.. Илјадници снимени разговори, пораки фотографии, видеа се доказните материјали кои Бојан Јовански ќе ги достави до обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, за кои тврди дека откриваат големи корупциски случаи.
Неговата одбрана не прецизира колкумина би можеле да се сооочат со обвиненија, но појаснуваат дека доказите укажувале на криминал во кој се вмешани луѓе од владата, собранието и судовите.
„Секоја предистрага е тајна и не можам со вас да споделувам информации за да не се компромитираат доказите во оваа фаза. Можам само да кажам дека се работи за докази кои укажуваат на особено висока корупција извршена од страна на високи функционери од власта, за сите три власти, односно, извршна, законодавна, а во одреден дел и судска власт, вели Сашко Дуковски, адвокат.
Правниот тим на Јовановски случајот го води со кодно име „Бумеранг“. Се тврди дека Јовановски поседува над 1 милион материјали и заради нивната сериозност, Јовановски бара лично да ги достави до обвинителството.. Очекува соодветна физичка и психичка заштита, а од обвинителството очекува да обезбеди и соодветна просторија за чување на материјалите.
„Јавниот обвинител од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по барањето на Бојан Јовановски, определи обвинител, засега само еден кој ќе работи на поднесувањето докази кои се најавени од Јовановски. Навистина се голем број на докази, некои се во пишана форма, некои во вид на телефонски разговори, фотографии и сето она што е доволно и подобно за покренување на една кривична постапка“, вели Дуковски, адвокат.
Од обвинителството велат засега нема утврдено кога и како ќе се прибираат доказите за кои Јовановски тврди дека ќе обелоденат големи крминали на функционерите.
Одбраната на Јовановски тврди дека „Бумеранг“ нема поврзаност со кривичните кои тој ги поднесуваше против 40тина лица во скопското обвинителстовото.. Сегашните материјали укажувале на организиран криминал од широки размери.