За напредокот на нашата земја некогаш биле положувани животи, денес, за напредокот треба да се носат совесни одлуки, вели премиерот Димитар Ковачевски.

– По изборот на заменици на министри, ќе се комплетира целосно новиот состав на Владата, но пред сите нас ќе се отвори една сериозна обврска – да донесеме зрели одлуки кои ќе ги осигураат перспективите на Република Северна Македонија, на граѓаните, на нашите деца. Затоа, никој нема право на калкулации и пазарења. Владата е отворена за идна соработка со сите кои се подготвени да постапат совесно и да ги поддржат реформите, економските политики и европската агенда, за доброто на граѓаните и на државата, објави Ковачевски на својот официјален профил.

Премиерот кој без избори дојде на власт, веќе трета недела, ја реконструира Владата. Откако доби четворица нови министри, сега чека пратениците да изгласаат и заменици.