Новоизбраниот германски министер за одбрана Борис Писториус изјави дека германската армија не е подготвена да ја брани земјата во случај да биде нападната.
– Немаме вооружени сили способни да ја бранат земјата од брутална офанзива и агресивна војна, рече тој за време на состанокот со членовите на неговата Социјалдемократска партија (СПД).
Според него, германските вооружени сили (Бундесвер) немаат доволно луѓе или опрема благодарение на децениското запоставување од страна на сојузната влада.
Поради оваа причина, тој смета дека Германија ќе мора многу повеќе да инвестира во одбраната за да ги достигне неопходните стандарди на НАТО.
Највисоко рангираниот офицер на Бундесверот, генерал-полковник Алфонс Маис, ги потврди зборовите на Писториус, и рече дека ниту 100-те милијарди евра наменети за германската армија од канцеларот Олаф Шолц нема да бидат доволни за таа војска да биде способна за евентуална војна. .
Армин Папергер од „Рајнметал“, најголемиот германски воен добавувач, за медиумите изјави дека Германија во Украина транспортирала два од најважните одбранбени системи наменети за одбрана на главниот град Берлин.