Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Блаже Петрушевски денеска до медиумите испрати, како што наведе, ексклузивно видео од неговиот божемен „физички напад“ на колешка, за што, тврди дека е лажно обвинет од СДСМ.
– Во позадина се слуша мојата реакција на навредите од колешката, додека премиерот ноншалантно си шета во салата. Ова се фактите и ова е вистината, а својствено за СДС се обидоа да конструираат непостоечки физички напад, користејќи го имунитетот од говорница, за да ме омаловажат и дискредитираат, како би престанал да им ги кажувам криминалите. Но, го згрешиле човекот!- вели Петрушевски.
Во П.С. додава: Го очекувам извинувањето за мизерната конструкција искажана на национален медиум.
На 24 февруари пратеничките од собраниското мнозинството го осудија со заедничко соопштение, како што го нарекоа, обидот за физички напад на пратеникот Бране Петрушевски и навредите врз пратеничката Жаклина Лазаревска.
Видеото може да го отворите ТУКА.