Руските сили продолжуваат со обидите да го опколат градот Бахмут, епицентарот на војната во источна Украина, соопшти украинската армија, додавајќи дека одбила нови напади.

Генералштабот на украинската армија во својот дневен извештај потврди дека само во последните 24 часа биле одбиени „повеќе од 130 непријателски напади“ во неколку сектори на фронтот, особено во Купјанск, Лиман, Бахмут и Авдијевка.

Групата Вагнер тврди дека малата железничка станица Ступки, северно од градот, била „освоена“.

Паравоената група во петокот тврдеше дека „виртуелно го опколила“ Бахмут.