Иван СТОИЛКОВИЌ
Прво, пак доживеав, и тоа по којзнае кој пат, да ме прогласат за предавник, и тоа:
-еден политичар со минорни морални карактеристики, инаку поранешен слуга на режимот;
-некои портали чија уредувачка политика досега со ниту еден текст не ги подржала активностите за амнестија на осудените за 27. април и
-по некој корисен идиот.
Второ, инаку за волја на вистината, јас заедно уште 43 колеги од опозицијата потпишавме предлог законско решение за амнестија, е сега ние што сме го иницирале процесот, а од разни причини не сме учествувале во гласањето, секој од оправдани причини, сме некакви виновници во спинувачката визура во која се амнестираат 58 пратеници кои гласаа против. Во ред, можете да се глупирате до бескрај, инаку многумина од Вас не се глупи, туку само се алчни, платени, зли, а многу од Вас и прости до зла Бога.
Трето, едно прашање до граѓаните: Дали доколку до крајот на мандатот на оваа Влада не се случат уставни промени, во што сум цврсто уверен, го знам расположението кај моите колеги пратеници, на наредните избори референдумски ќе гласате за коалицијата “За обнова на Македонија”? Не ме прашувајте, зошто и самите знаете дека тоа мора и треба да се случи.