Од Јавното обвинителство засега не се откриваат нови детали за аферата со тунелот долг 40 -тина метри низ кој планирале осудениците да избегаат од скопскиот затвор Идризово.

-Состојбата очигледно е очајна. Постојат бројни укажувања дека системот лошо е поставен, дека луѓето внатре не се мотивирани, дека не се ниту доволно подготвени, дека не се обучени да ја работат работата за која се ангажирани. Од друга страна затворениците живеат во услови кои може да се дискутираат дека се далку под хуманите и не гледам позитивна страна во сферата на извршување на санкциите, изјави за ТВ Канал 5 професорот и декан на Факултет за безбедност, Никола Дујовски.

Амерканскиот Стејт департмент во извештајот за земјава повторно нотираше корупција кај вработените во затворите.

Тунелот во затворот Идризово бил копан неколку месеци и засега сомнежите упатуваат дека зад планираниот обид за бегство стојат осуммина осуденици кои издржуваат високои затворски казни.

ТВ Алсат објави и фотографии од пластичната корпа со која била извлекувана земјата, како и кабелот со сијалица кој им служел за осветлување.

Директорот на затворот Шпенд Тахири владата експресно го разреши, а на негово место е поставен генерал мајор Зоран Јовановски.