Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен реши да се раздели со Јулијан Нагелсман и да го ангажира Томас Тухел за нов тренер.
Баерн Минхен во 2021 плати рекордна отштета од 25 милиони евра за да го ангажира Јулијан Нагелсман, но младиот стратег никогаш не успеа во целост да ги имплементира своите идеи, играчите често се бунтуваа и имаа замерки за методите.
Раководството на клубот во неколку наврати му даде поддршка, но трпението заврши, голем број на извори од Германија објавија дека „баварците“ решиле да ја искористат паузата за репрезентативни настапи за да му дадат отказ на Јулијан Нагелсман и да го сменат тренерот.
На кормилото на Баерн Минхен ќе седне Томас Тухел и сето ова ќе биде официјализирано во следните денови.
Томас Тухел ќе дебитира на клупата на Баерн Минхен против својот поранешен клуб Борусија Дортмунд на 1. април.