Во Танзанија е формирана полициска единица чија единствена задача ќе биде – откривање хомосексуалци.
Гувернерот на Дар Ес Салам, Пол Маконда изјави дека единицата ќе почне со работа следната недела.
Приапдниците на единицата ќе следат социјални мрежи за да откријат и уапсат луѓе кои живеат во истополни заедници.
Хомосексуалноста во Танзанија е кривично дело.
Најавени се и построги казни за порнографија, и во рамки на таа акција, затворени се сите клиники за лекување ХИВ болни бидејќи се обвинети за промовирање хомосексуалност.