Советот на Општина Аеродром вчера ја усвоил Иницијативата на советничката група на Левица за поставување на споменикот на, како што се наведува во соопштението, револуционерот Андон Лазов Јанев – Ќосето на територијата на општина Аеродром, поточно во паркот во Горно Лисиче по барање и инсистирање на претседателот на советот.

Во соопштението на Левица по овој повод се истакнува:

„Андон Лазов Јанев – Ќосето е македонски револуционер, современик и другар на Гоце Делчев и Јане Сандански кој пак е поврзан со Општина Аеродром, бидејќи неговото име ја носи најголемата урбана населба во општината – населбата Јане Сандански.

Во прилог ја објавуваме и оригиналната телеграма од страна на Андон Лазов Јанев до другарот Лазар Колишевски по повод Вториот конгрес на Народниот фронт на Македонија одржан на 23 и 24 мај 1948 со честитки за говорот на Колишевски и со желби за национално обединување на Македонците, вели Левица во соопштението.

Инаку, телеграмата за прв пат ексклузивно беше објавена од страна на весникот Дневник и неговиот главен уредник, Дарко Јаневски, пред неколку години. Телеграмата е откриена од страна на д-р Новица Велјановски, по што завршува во рацете на д-р Зоран Тодоровски и на страниците на Дневник. Оттогаш таа станува вирална и е еден од најсподелуваните документи на социјалните мрежи кој има посебно значење во овие години бидејќи во неа Ќсето зборува за желбата з аобединување на македонскиот народ, иако живее во Бугарија. Овој документ директно ја побива целата бугарска теза за бугарски корени на македонскиот народ, нешто што Шилеговци и воопшто комуњарите не успеаја да го сфатат, па оттука, неговото место секако е во центарот на Скопје. Телеграмата гласи:

„Јас како воен другар на Гоце Делчев и Јане Сандански го поздравувам Вашиот историски говор на Вториот конгрес на Народниот фронт, во којшто ние гледаме надеж дека наскоро ќе се исполнат идеалите на нашиот македонски народ, да живее – еднаш засекогаш, под еден покрив” – Андон Лазов Јанев.

Во своето соопштение, Левица понатаму истакнува:

Тој споменик без разлика која и чија власт го поставила е платен со народните пари и не заслужува фаќа прашина во некое депо на Градот Скопје и да биде камен на сопнување и играње пинг понг помеѓу институциите за дневно политички поени.

Согласно ирационалните стравови од страна на СДС, бидејќи споменикот беше пред Судската палата сметавме дека поставувањето на споменикот на територијата на Општина Аеродром нема да ги разбуди повторно нивните ирационални стравови, но се излажавме. Најверојатно нивната совест за сите предавства за овие седум години власт длабоко ги копка и ќе продолжи да ги копка сѐ до нивната пасокизација и неминовно одговарање пред органите на прогон за велепредавствата и за криминал…

…Нешто што квази наследниците на комунистите СДС, кои се уствари најлошиот слој од тогашната црвена буржоазија, која како тогаш и ден денес ги предава левичарските идеи и македонските национални интереси за пусти пари и привилегии не можат да го сфатат, бидејќи се водени од омраза на сѐ што е македонско и љубов на сѐ што е страно и туѓо.

Денес истите тие за привилигиите да крадат од народот уживајќи неказнивост и странска заштита од кривичен прогон, станаа и најголемите врховисти тотално потчинети на неофашистичките апетити на денешна Софија и етнотрибалистичките желби на Мала Речица, надминувајќи го и докажаниот фашистички колаборатор Иван Ванчо Михајлов во (не)делата за кои историјата неминовно ќе им суди.

Пропагандата на СДС и нивните лакеји од невладиниот сектор, кои како паразити закачени на народниот буџет, дека Андон Лазов Јанев – Ќосето е некаков си мрачен лик нема никаква врска со реалноста и со историските факти за што тука и се докажува со документи.

И таа гнасна пропаганда инфраструктурно потпомогната од странските сатрапи и платена со народните пари да се плука кон сѐ што означува некаква борба за ослободување на Македонија дали од страна на револуционерите или партизаните како нивно продолжение на борбата за класно и национално ослободување на Македонија мора да се раскринкува на секаков можен начин и од сите можни страни“, се наведува во соопштението.