Јеменскиот министер за информации Мохамед ал-Ирјани изјави дека во мометов во земјата атмосферата за мир е поповолна од кога било претходно во минатото, пренесува агенцијата Анадолија.
Ал-Ирјани изјави дека напредокот постигнат во изнаоѓањето политичко решение за кризата во земјата е „победа на уставниот легитимитет и коалицијата предводена од Саудиска Арабија“.
Тој посочи дека поради позитивните случувања во регионот со обновувањето на односите меѓу Саудиска Арабија и Иран, „во Јемен сега постои атмосфера поповолна од кога било за да се обезбеди мир“.
Ал-Ирјани ги пофали напорите на Саудиска Арабија да го врати мирот во Јемен.
Иранскиот министер за надворешни работи Хусеин Емир Абдулахијан и саудискиот министер за надворешни работи Фајсал бин Ферхан на 6 април се сретнаа во Пекинг и се договорија за повторно отворање на амбасадите на двете земји, обновување на летовите меѓу двете земји и олеснување на визите.
Во заедничката изјава објавена по првата официјална средба на ниво на министри за надворешни работи меѓу Техеран и Ријад по седум години, се наведува дека двете земји се договориле да ја прошират соработката на сите полиња.