Скопјанка (48) вчера од Клиниката за кардиологија во Скопје заминала со вграден стент, но и без венчалниот и друг прстен, кој го носела на раката додека ѝ била вршена медицинската интервенција, дознава Слободен печат од свои извори.
Според информациите на овој весник, пациентката тврдела дека во полубесознание почувствувала како некој во болницата ѝ ги извлекува прстените од рацете.
Од Министерството за внатрешни работи за Слободен печат потврдуваат дека имаат пријава за настан кој се случил вчера.
– На 19.04.2023 во 12 часот и 45 минути во СВР Скопје А.О. (48) од Скопје пријавила дека ѝ бил одземен накит во една од клиниките во Комплексот клиники Мајка Тереза, каде претходно ѝ била извршена операција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.