Најмалку едно лице загина, а повеќе од 178 згради се уништени од пожарите што беснеат низ руската област Свердловск, во подножјето на Урал, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
На снимки на социјалните мрежи се гледа како пламенот зафаќа куќи и дрвја, а чад го покрива небото.
Причината за пожарот се уште не е позната.
Руските служби за итни случаи објавија дека повеќе од 380 лица биле вклучени во обидите за негово ставање под контрола. сд/