Протест на 3 мај пред Мнистерството за финансии, доколку надлежните не им дадат одговор на пациентите со цистична фиброза, до каде е набавката на „трикафтата“ за сите пациенти-велат од Асоцијацијата за цистична фиброза. Потенцираат итно е потребен овој лек.
Заменик министер за здравство д-р Маја Манолева вели дека формирана е работна група за вклучување на пациентите за лекот кој им е потребен.
Лекот е потребен за 80 пациенти, а во моментов 12 пациенти го примаат лекот „трикафта“. Револтот на пациентите со цистична фиброза се повеќе расте по случајот со Благојче Илиевски кој почина во февруари чекајќи го лекот.