Поранешната министерка за образование и за труд и социјална политика Мила Царовска во емиисјата „Трилинг“ рече дека државата не смее долгорочно да дозволи исплаќање на социјална помош за загрозените со години, а при тоа на пазарот на труд да има се поголема потреба од нови вработувања.
Таа, како што пренесе Фактор, додаде и дека во ситуација на криза потребно е да се воведе прогресивно оданочување, чиј старт оваа година државата не го одобри.
– Социјалната мапа со години се провлекува низ призмата на Министерството за транспорт и социјална политика. И како поранешна минситерка и како работник за социјална политика, ова прашање на социјална нееднаквост ако го гледаме само низ призма на социјална помкш, нема да стигнеме далеку. Сите останати институции треба да се вклучат во намалување на социјалната нееднеквост, потребно е образование и работа на здравството како сеопшта благосостојба. Имаме голема побарувачка на пазарот на труд, а луѓе од друга страна кои долго време добиваат социјална помош. Пред две години зборувавме за ова, почнаа одредени процеси и денеска не зборуваме за оние кои имаат потреба од прогресивни даноци. Тоа е еден од начините за вие да направите редистрибуција, порача Царовска.
За државата да произведува добро платени работници, како што рече Царовска, треба да ги подготвува за пазарот на труд уште од основно училиште.carovska