Приведен крадец во Скопје, се нагласува во денешното соопштение од МВР за апсењето на 33-годишен маж во Скопје.

– Денеска (29.04.2023) околу 02 часот од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција од слобода е лишен А.Б. (33) од Скопје поради основи на сомнение за извршено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“. А.Б. на 25.04.2023 во близина на зградата на МРТВ во Скопје одзел пари од Ф.С. (60). Денеска, во присуство на дежурен јавен обвинител, извршено е препознавање, каде оштетениот со сигурност го посочил А.Б. како сторител на делото, се вели во објавата на МВР на Фејсбук.

По документирање на случајот, се додава во објавата, од страна на ЕВР Центар и Бит Пазар ќе биде поднесена кривична пријава по чл.236 ст.1 т.3.

мртв