Предвремени избори нема да има, дециден е премиерот Димитар Ковачевски. Тој е убеден дека до ноември ќе бидат донесени уставните измени.
Во вечерашното гостување на Канал 5, Ковачевски уште еднаш порача дека сите политички партии треба да го поддржат зачленувањето на земјава во ЕУ.
-Секогаш верувам дека стратешката цел е остварлива. Уставните измени ќе бидат доставени пред летото. Формирана е работна група во Министерството за правда каде што претставници на политичките партии и експерти од академијата и уставното право веќе почнаа со работа и подготвување на предлог амандманите, кои потоа ќе се најдат и на јавна расправа со стопанските комори…, а потоа и во собраниска процедура пред политичките партии. Во ќор сокак не може да дојдеме зашто еден ден ќе имаме 80 пратеници. Предвремени избори нема да има. Прво ќе има претседателски, во втора половина на март, а потоа, во втората половина на јуни, ќе бидат и парламентраните. Мицкоски имаше понуда, да ги изгласаме уставните измени па да одиме на избори, истакна Ковачевски.