Свесни сме за чувствата, има многу стравови за идентитетот, културата, јазикот, но ве уверуваме дека Германија го следи тоа, Германија верува во македонската култура, во македонскиот јазик и Германија знае за македонскиот идентитет и сето ова го гледаме како пат кон иднината во ЕУ, вели специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, Емануел Сарацин, во краток разговор за порталот 360 степени.
– Мислам дека на оваа земја ѝ треба лето на примирје, поголема јаснотија за идниот пат на земјата – и за самата земја, но и за ЕУ… Ако ова лето уставните измени не се спроведат успешно, тогаш гледам многу тешкотии во наредниот период. Најмалку ќе има големо губење време, а тоа е доброто сценарио. Во лошото сценарио гледам многу нејаснотии за патот на С. Македонија, порачува Сарацин
Специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан во изминатите денови во Скопје се сретна со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со пратеници во Собранието… На сите им ја пренел пораката за потребата од уставни измени како неопходен чекор за продолжување на пристапниот процес и отворање на преговарачките кластери.
Истовремено, Сарацин не ја крие загриженоста на официјален Берлин за тоа што би се случувало во наредниот период ако нема уставни измени.
Целиот разговор со Сарацини може да го прочитате ТУКА.