Вртоглавиот пад на рејтингот на СДСМ ги разбуди патриотските чувства на лидерот и премиер Димитар Ковачевски. Со години Македонија трпи понижувања од источниот сосед, провокации и ниски удари, но Димитар Ковачевски, исто како и неговиот претходник, се буди со задоцнување.
Откако стигна нов безобразен удар, овојпат од бугарскиот претседател дека „Кога ќе ги впишеме сонародниците на Делчев во Уставот, тогаш ќе станеме демократска држава – претседателот на Владата конечно возврати со иста мера.
Откако работната група за уставни измени ќе ги состави амандманите, наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците и наследниците на Радев во македонскиот Устав. Ние преговараме со ЕУ, а не со Бугарија, и затоа сметам дека тоа е нешто што ќе тече како процес и е нешто што треба да се случи со оглед на тоа што граѓаните заслужуваат да живеат во држава членка на ЕУ, рече Ковачевски.
Не само што треба да ги внесуваме, таканаречените наследници на Делчев, Според Румен Радев треба да се извиниме за, како што вели, етничките репресии кон Бугарите во историјата, а денешните Бугари пак заклучи дека биле изложени на терор, насилство и режирани судски процеси.
Раководството на Македонија треба да ги убеди своите граѓани, а не Бугарија, дека гради демократска држава.Таму нема прогрес, таму се учебниците и говорот на омраза, таму се медиумите, таму е отворањето на архивите и извинувањето. Таму има важни работи како нашето културно наследство – рече Радев.
Оваа остра реторика помеѓу Ковачевски и Радев доаѓа откако вчера премиерот на Самитот на Советот на Европа во Исланд јавно го спореди односот на Бугарија кон Македонија со односот на Русија кон Украина.
Претседателот на Бугарија уште еднаш не потсети дека без внесување на Бугарите во Уставот, што е главната но не и единствена обврска од францускиот предлог, нема ЕУ, се вели во прилогот на АЛФА.