Триестгодишна скопјанка заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека со платежна картичка на оштетено физичко лице направила 15 онлајн трансакции, при што нанела штета за околу 33.000 денари.
– Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против скопјанката Ј.И.(30) поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo дело казниво по член 274-б став 1 во врска со став 3 од Кривичниот законик на Република Македонија, соопшти МВР.
Пријавената со платежна картичка на оштетено физичко лице направила 15 онлајн трансакции, при што нанела штета за околу 33.000 денари. Ј.И. од македонски ИП адреси извршила успешни трансакции на продажни места на повеќе фирми на интернет и притоа ја оставала својата е-маил адреса.
Во соопштението од МВР се надедува дека пријавената и на 5 септември годинава направила уште една трансакција на банкомат во Скопје во висина од 6.000 денари.