Д-р Андон ЧИБИШЕВ
Деновиве неколку портали пренесоа вест дека во контингент на домати увезени од една соседна земја е детектирана недозволена количина на пестициди –инсектиции означени како Хлорперифос метил и Перимифос метил.
Се работи за хемикалии кои припаѓаат на групата на пестициди кои според хемискиот состав се органофосфорни соединенија и се користат воглавно како инсектициди.
Се работи за исклучително токсични хемикалии кои во САД и Европската Унија се забранети да се користат во земјоделството. Според Законот за хемикалии и во Македонија овие токсични супстанции се ставени во препарати кои се штетни за човековото здравје и треба да се користат под строго утврдени правила.
Инаку, внесени во човековиот организам доведуваат до пореметување на одредени метаболни процеси при што со блокирање на одредени ензими доаѓа до натрупување на други материи кои во високи концентрации можат сериозно да го нарушат здравјето.
Имаат афинитет кон периферниот и централниот нервен систем, кардиоваскуларниот и респираторниот систем и можат да го нарушат видот.
Внесени во поголема количина можат да го загрозат и животот а внесувани хронично во помали количини можат на пократок и подолг рок сериозно да го нарушат човековото здравје.
Соодветните државни институции се на потег !